Тие се најмоќна комбинација: Медот со овие три намирници лечи и најтешки болести

Своевремено во Америка биле напишани бројни книги за речиси чудотворното делување на јаболковиот оцет на физичката и психичката состојба на луѓето.

Најмоќните лекови кои постојат на сите ни се на дофат на раката, а тоа се медот, костенастите плодови, оцетот и лукот.

Комбинациите на мед со ореви, лук или јаболков оцет, се еликсири на здравјето.

Мед и јаболков оцет

Своевремено во Америка биле напишани бројни книги за речиси чудотворното делување на јаболковиот оцет на физичката и психичката состојба на луѓето. Таму тоа одамна е во употреба, а се добива од јаболки кои се оставени да ферментираат во дрвени буриња, бидејќи дрвото ја зголемува природната ферментација. Оптималната доза на јаболков оцет која треба да се земе во текот на денот е: раствор од две лажици оцет до две децилитри млака, претходно сварена вода, со додавање на две лажици мед. Да се консумира два до три пати дневно пред јадење.

Овој елексир помага за болести во грлото, слаба циркулација и размена на материи во организмот. Се препорачува и за срцеви заболување, бубрези и крвни садови. Според некои извори растворот добро се покажал во лечењето на ноќно мокрење кај децата. Докажано е и дека овој вкусен сок го намалува крвниот притисок и дека ја зачувува витката линија. Во народот се препорачува и за поленската кивавица и тоа со земање пред појадок и пред спиење.

Мед и ореви

Оревот е растение кај кое сите делови имаат високи биолошки својства. Тоа е единствен и најдобар претставник од растителниот свет. Тој од многу одамна и во многу земји бил познат како лековито средство. А во комбинација со мед претставува одличен природен лек чии лековити својства не може да се споредат ни со најмоќните фармацевтски препарати, бидејќи нивната комбинација му ги обезбедува на организмот сите неопходни витамини, минерали, масти, јаглехидрати и многу друго.

За анемија се подготвува смеса од половина килограм ливадски мед, половина килограм мелени ореви и еден лимон. Се добро се меша и се зема на три до четири часа. Смесата е многу добра за заздравување на анемични и исцрпени лица.

За лечење на хипертензија и недостаток на железо, секојдневно треба да се земаат 100 грама ореви со иста количина на мед, најмалку 45 дена. Медот и оревите се многу делотворни и за срцеви болести.

Лажица мед со три четири ореви не само што е извонреден деликатес, туку и средство против главоболки, несоници, склероза. Истата доза е доволна да се заштитиме од зголемена радијација.

Против импотенцијата помага еден одамна тестиран рецепт. Мелени ореви помешани со мед во иста пропорција. Земајте две три лажици дневно, половина час после јадење.

Мед и лук

Следниот рецепт ја обновува силата во организмот и многу е добар против астма и отежнато дишење. Еден килограм ливадски мед, сок од десет лимонови и сок од десет главици лук добро да се измешаат и да се остават една недела во затворена тегла. Се пие еднаш дневно, по четири лажици. Треба да се пие редовно во период од два месеци за да се постигне саканиот ефект.

Против грип, многу е познат народниот лек од мед и лук. Исчистениот бел лук се толчи и се прави каша, а потоа се меша со липов мед, во однос 1:1. Се зема по една лажица растворена во млака вода пред спиење.

Leave a comment

error: Content is protected !!