Тетовскиот диџеј Галоски дочекан како супер ѕвезда во Токио (видео)

Еден од нашите најсупешни диџеи и продуценти Александар Галоски, моментално го живее сонот на сите македонски диџеи- постигнува светски успеси , но и овации каде и да се појави.

Неодамна беше на турнеја во Јапонија, а во Токио имаше незаборавни настапи каде што публиката навистина се забавуваше. Освен што прави одлични журки, Галоски е омилен и кај јапонските телевизии. Тие го поддржуваат секој негов настан и веќе снимија неколку интервјуа со Александар.

Во Токио беше пречекан и како вистинска светска ѕвезда- во клубот пристигна со огромна лимузина.

Неговите забави се енергични, весели и полни со насмеана и разиграна публика. Слободно може да кажеме дека ова младо момче е на добар пат да постигне голем светски успех и да биде првиот Македонец кој ќе застане рамо да рамо со светските мега диџејски ѕвезди.

 

За кратко ќе можеме да го видиме и во Скопје каде што ќе настапува заедно со неговите музички идоли Аксел и Ингросо на фестивалот „Скопје Колинг“.

Leave a comment

error: Content is protected !!