Текст кој пушачите треба да го прочитаат: Овие 10 намирници го чистат никотинот од вашето тело

Сите сме и тоа како свесни за негативниот ефект на цигарите и никотинот врз нашиот организам. Па затоа, ако сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрз начин да го исчистите телото од никотинот е консумација на овие намирници.

1. Спанаќ

Фолната киселина е многу важна за нормално работење и развој на телото, но исто така му помага и да се ослободи од никотинот. Во спанаќот има голема количина фолна киселина.

2. Брокула, карфиол, прокељ и зелка

Зеленчукот од „семејството на зелката“ е исклучително здрав. Покрај тоа што содржи полифеноли, кои докажано се корисни во намалување на разни инфекции во дигестивниот систем, исто така содржат антиоксиданси кои го чистат телото од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ги сочувате нивните хранливи материи.

3. Зелен чај и витаминска вода

Со пушењето, телото ја губи потребната количина на течности и многу побрзо доаѓа до состојба на дехидрација. Пиење голема количина домашна витаминска вода, која може лесно да ја направите сами со зелен чај и многу антиоксиданси, ќе го „испере“ никотинот од телото.

Glass cups with green tea and tea leaves isolated on white.

4. Морков

Никотинот ја уништува кожата и ја прави сува и безживотна. Ако сакате да се ослободите од овие грди нуспојави од пушењето, јадете што е можно повеќе морков. Тој содржи големи количини витамин А, К, Ц и Б, кои се главни прочистувачи на телото. Морковот изблендирајте го во соковник, во комбинација со јаболко и лимон или измешајте го во салата.

5. Киви, лимон и портокал

Освен вода, пушењето од телото ги исфрла витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организамот да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надокнадите изгубените витамини, јадете киви или напијте се чаша лимонада.

Сокот од портокал го хидрира телото, му ги дава потребните витамини, но и го чисти организамот од никотин. Исцедете два портокали, додајте малку вода и испијте ги помеѓу оброк.

Leave a comment

error: Content is protected !!