Тажната судбина на тренерот на децата заробени во пештерата: Пораснал како сираче, сакал да биде монах, а потоа им се посветил на децата

Главниот тренер на тајландскиот фудбалски тим го минал утрото на 23. јуни, подготвувајќи го својот млад асистент за важна задача – сам да води сметка за децата.

Нопарат Кантавонг, 37-годишниот тренер на фудбалскиот тим “Му Па” имал закажано состанок тоа утро. Екапол Чантавонг, неговиот асистент, требало младите деца да ги одведе на фудбалското игралиште кое се наоѓа на планина.

“Погрижи се да возиш со својот велосипед зад нив додека патувате, така можеш да ги имаш на око”, му напишал на Фејсбук. “Чувај се”, додал тој.

Во часовите кои уследиле се случиле низа драматични настани: потрагата по децата кои биле пронајдени живи во пештерата по 9 дена окружени со вода, а потоа и напорите за спасување.

Напорите за извлекување на децата вклучуваат екипа од илјада нуркачи, инженери, воен персонал и волонтери од целиот свет, вклучувајќи го и Илон Маск, милионер кој понудил подморница за спас на децата.

Многумина го обвинуваат тренерот велејќи дека требало да го знае ризикот од влегување во пештерата пред сезоната на монсуни, и велат, требало да знае подобро.

Но, за многумина на Тајланд, Екапол, кој пред три години го напуштил животот како монах, и се приклучил на “Mу Па” како помошник тренер, е божествена сила пратена да ги заштити децата додека минуваат низ ова. Според официјалните информации, тој е меѓу најслабите во групата затоа што на децата им ја давал сета храна. Исто така ги учел децата да медитираат и како да сочуваат што повеќе енергија додека не ги пронајдат.

“Да не бил со нив, што ќе се случело со моето дете”, рекла мајката на едно од децата во пештерата. “Кога ќе излезе, мораме да го излечиме неговото срце. Драг Ек, никогаш не би те обвинила”.

Екапол е сирак кој ги изгубил своите родители на 10 години, велат пријателите. После тоа сакал да биде монах, но го напуштил манастирот за да се грижи за својата болна баба.

Децата го потсетувале на него, бидејќи многу од нив растеле во сиромаштија или биле припадници на етнички малцинства, кои се вообичаени таа погранична област. “Ги сака децата повеќе од себе”, рекол Џој Кампаи, негов долгогодишен пријател.

“Тој не пие, не пуши. Се грижи за себе и ги учел децата да го прават истото. Му помагал на Нопарат, главниот тренер, да направи систем во кој страста која децата ја имаат кон фудбалот ќе ја искористи да ги мотивира да се истакнат во академска смисла. Ако имале добри оценки во училиште, тогаш би биле наградени со фудбалска опрема. Двајцата сакале да им докажат на децата дека можат да станат нешто повеќе – па дури професионални спортисти”, рекол тој.

Го возел децата на тренинг и од тренинг кога децата не можеле, и преземал одговорност за нив како да се негово семејство.

Leave a comment

error: Content is protected !!