Таткото на принцезата не се откажува од своите пет минути слава: Што кажал сега за Меган?

Таткото на Меган Маркл, Томас, на британскиот ТВ водител и новинар Пирс Морган во емисијата “Добро утро, Британија”, дал ексклузивно интервју за односот на својата ќерка и принцот Хари.

 

Во тоа интервју, за кое добил 7.500 фунти, таткото на првата војвотка од Сасекс раскажал зошто пред кралската венчавка земал пари за лажни папарацо фотографии, објаснил како болеста навистина го спречила да ја испрати својата ќерка до олтарот, но споменал и како со Хари имал можност преку телефон да разговара за надворешно-политичките односи на Америка и Велика Британија.

 

Маркл потоа се пожалил и дека од Меган не добил честитка за Денот на татковците и додал дека се надева дека не навредува никој со интервјуто.

 

Имено принцот на Томас Маркл му рекол дека “на Трамп треба да му се даде шанса”. Тоа било прв пат јавноста да слушне мислење за Трамп од страна на кралското семејство.

Извори блиски на Томас тврдат дека Маркл моментално е под стрес, бидејќи и во ова интервју можеби ги “разгорел работите” во дворецот и ја загрозил позицијата на својата ќерка.

 

“Мислев дека ми се јави некој и дека ќе ја договориме мојата посета на Меган Хари или дека тие ќе дојдат во Америка да се видиме”, рекол Томас во интервјуто.

Кралското семејство не се изјаснило за неговото интервју, но извор близок до семејството потврдил дека во Кенсингтонската палата биле “лути” по ова интервју.

Leave a comment

error: Content is protected !!