Таткото на Меган Маркл открива: Принцот Хари ми кажа да му дадам шанса на Трамп! Мислам дека го поддржува

Томас Маркл, татко на Меган Маркл, открил дека принцот Хари го замолил да му даде шанса на Трамп, што би значело дека принцот очигледно го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што рекол Томас во интервјуто за “Добро утро, Британија”,  Хари веројатно има повеќе позитивни ставови за Трамп од тоа што се мислело, со оглед на тоа дека принцот во еден момент му рекол дека “да попушти со критиките”.

“Во текот на еден наш разговор му се пожалив дека не му се допаѓа Трамп, а тој ми кажа “да му дадам шанса”. Не се согласив со него, но и натаму го сакам. Тоа беше негов политички став, јас имам свој”, рекол Томас Маркл.

Запрашан дали Војводата од Сасекс е фан на Трамп, Маркл рекол “се надевам дека сега не е, но тогаш делуваше така”.

Тој истакнал дека е во контакт со Хари и дека се слушнале телефонски неколку пати, вклучувајќи и тогаш кога Хари му ја побарал раката на Меган. Тогаш изнел уште еден контроверзен став за Хари, бидејќи рекол дека стекнал впечаток дека принцот е “отворен за експериментот за напуштањето на Британија на ЕУ”.

Исто така, Маркл додал дека е тажен што ја пропуштил венчавката, но и горд на својата ќерка и благодарен на принцот Чарлс што ја допратил до олтарот.

“Тешко ми падна што ја гледав, а не бев таму, но во исто време мојата ќерка ја гледаше целиот свет. Сите ја гледаа мојата ќерка. Не можев да бидам погорд”, рекол Маркл и додал дека на венчавката не можел да има подобра замена од принцот Чарлс.

Leave a comment

error: Content is protected !!