Таткото на албанската пејачка лут на својата ќерка: Престани да ме посрамотуваш со таа евтина порнографија

Таткото на славната пејачка ја моли својата ќерка да престане “да објавува глупава порнографија”, бидејќи повеќе не може да го поднесе тоа посрамотување.

Бебе Реџа на InstaStory објавила скриншот од пораката која и ја пратил нејзиниот татко Фламур Реџа, во која и порачал како му се гади од тоа што го прави и дека многу нервозен.

29-годишната пејачка со албанско потекло е позната по провокативното изразување преку музиката, а спотот од нејзиниот последен сингл, “Last Hurrah”, посебно кренал прашина. Излегол минатата седмица, веќе собрал повеќе од 5,5 милиони прегледи, а многумина во коментарите го нарекле ѓаволски.

По објавата на пораката од нејзиниот татко, Реџа набрзо морала да го брани, со оглед на тоа дека нејзините фанови го нападнале. “Мојот татко не е лош. Никогаш не требаше да го објавам скриншотот. Разочарана сум од себе. Бев саркастична. Разбирам дека доаѓа од позиција на татко и затоа пораката беше малку остра. Нервозна сум бидејќи човекот уште не разговара со мене, но и натаму ми е татко”, напишала на Твитер.

Откако нејзините фанови продолжиле да го напаѓаат нејзиниот татко, се огласила повторно: “Не кажувајте лоши работи за мојот татко, ве молам, тој е прекрасен татко”, напишала таа, а подоцна го избришала и тоа.

Инаку, Реџа неодамна налутила и некои фанови со провокативната фотографија на која го покажала задникот во мрежести чорапи.

Leave a comment

error: Content is protected !!