Татко ја убил својата ќерка, убава стомачна танчерка: “Ме навреди мене и мојата сопруга”

Кебаб-мајсторот ја задавил и ја исекол на парчиња својата убава ќерка, инаку стомачна танчерка, со еден од огромните ножеви кои ги употребувал на работа.

Хасан Услу од градот Кесан во Турција бил уапсен поради сомнение дека ја убил својата 32-годишна ќерка Дидем, а потоа деловите од нејзиното тело ги закопал во шумата во близина.

Хасан, кој инаку е кебаб-мајстор, наводно ја убил младата танчерка по бурна расправија, при која “Дидем го навредила него и неговата сопруга”.

Toj, најпрво ја задавил, па го исекол нејзиното тело на парчиња, користејќи еден од своите огромни ножеви.

Ги ставил деловите од телото во замрзнувач, а подоцна во ранец ги однел во шума и таму ги закопал. Кога завршил, го продал фрижидерот во продавница за половна опрема.

Страшното злосторство било откриени откако била пронајдена раката на оваа танчарка, замотана во весник.

Полицијата со помош на куче трагач ги пронашла и другите делови од телото, исечени многу прецизно и во едно движење.

Нејзиниот татко бил уапсен, но и мајка и и младата сестра, но сестрата набрзо била пуштена. Хасан признал се и ја покажал локацијата на која ја закопал својата ќерка.

Leave a comment

error: Content is protected !!