Тајни фотографии: Како изгледал Нагасаки 12 часа по ударот на атомската бомба

По повеќе од 71 година, се појавиле досега невидени фотографии од Нагасаки, градот кој бил погоден со атомска бомба во Втората светска војна.

Фотографиите ги направил воениот фотограф Јосуке Јамахата, кој имал обврска да ги овековечи сцените од тогаш невидената деструкција.

Направени билле само 12 часа откако американската атомска бомба го уништила градот, а објавени биле на сајтот на аукциската куќа “RR auction”.

На фотографиите стоела ознака за тајност, откако дошле до рацете на американсата армија. Американскиот генерал Даглас Мекартур не сакал американскиот народ ја види количината на зло нанесена на еден народ, За среќа, фотографиите преживеале.

Многу од фотографиите на Јамахата јапонската власт ги користела во пропагандни цели неколку недели по бомбардирањето.

Во комплетниот албум кој го направил јапонскиот војник има 24 фотографии.

Неколку од фотографиите биле објавени во списанието “Life” во 1952. година, но повеќето не ја виделе светлината на денот, се до неодамна.

На фотографиите може да се види и Двајт Ајзенхауер, врховен командант на американската војска, кој подоцна станал и претседател на САД.

Фотографиите моментално се продаваат на аукција, а се проценува дека нивната цена би можела да достигне неколку илјади долари.

На фотографиите се гледа уништувањето од дотогаш невидени размери, а на многу од нив се гледаат и осакатени деца и жени кои лутаат низ градот во потрага по некој кој ќе им помогне.

Leave a comment

error: Content is protected !!