Тајната на лимузината на Путин: На рускиот претседател не му се важни “фенси” додатоци, туку возилото го одбрал поради еден детаљ

Главниот нарачател на проектот “Кортеж”, Владимир Путин, бирајќи ја за себе лимузината “Аурус”, не барал дополнителни детали, туку, напротив, барал многу работи во врска со безбедноста и квалитетот на автомобилот, изјавил министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров.

“Кога зборуваме за претседателот, тој во главно е приличен демократ и најмалку внимание обраќа на глупости”, рекол Мантуров.

Според неговите зборови, Путин се занимавал со сериозни прашања.

“За автомобилот да биде квалитетен и да не биде срамота да им го понуди на другите свои колеги”, рекол министерот.

Претседателот на 7. мај дошол на инаугурацијата во лимузината од серијата “Кортеж”. Истата ја искористил и за превозот во Москва. Како што било кажано во Сојузната служба за заштита, се планира авто-паркот на претседателот да се прошири со наведените домашни автомобили, а тоа зависи и од обемот на производството, па засега Путин во одредени случаи користи автомобили од странско производство.

Проектот “Кортеж” е семејство на луксузни автомобили за највисоките службеници на државите. Во него спаѓаат лимузина, седан, комбе и теренски автомобил, изработени по единствена модуларна платформа.

Проектот го реализира државниот институт за автомобили “NAMI” со соработка со групата “Солерс” на Вадим Швецов и странски партнери. Државата во овој проект вложила 12,4 милијарди рубљи.

Leave a comment

error: Content is protected !!