Тајната која Русија ја сокрила пред 58 години: Жената врискала, леталото го пронашле, но неа никогаш

Се зборува дека Русите чуваат снимки од бројни изгубени астронаути во текот на годините.

Несреќата која се случила на почетокот на трката на САД и СССР во вселенските мисии уште е мистерија која останала без објаснување.

Сите во главно се сеќаваат на успешната мисија од 21-ви јули 1969-та година и човекот кој оди по месечината.

Пред тоа, Русија на 12-ти април 1961-ва година успешно го пратила во орбитата првиот човек, Јуриј Гагарин, а набрзо дошол и одговор од САД, кои на пат го пратиле Алан Шепард.

Во меѓусебното натпреварување Русија се подготвувала за уште еден лет, а со овој пат планирале да го урнат рекордот на Гагарин.

Во приказната која е затскриена стои дека Советскиот сојуз имал намера да ја прати првата жена во вселената.

Во тоа време Американците имале само помал лет во земјината суб-орбита, додека Русите сакала да го пратат својот прв космонаут подалеку во длабочините на орбитата.

Оваа мисија забележала дека ракетата направила 17 круга околу Земјата. Лансирањето минало добро, но кога требало да влезе во атмосферата, нешто тргнало на лошо. Никој никогаш не дознал што точно се случило.

Меѓутоа, снимките на кои се забележани последните моменти на жената астронаут предизвикуваат страв.

Русинката се обидела да стапи во контакт со контролата на лет на земјата, меѓутоа, не добила одговор.

“Слушајте, слушајте! Зборувајте со мене! Тука е топло, многу ми е топло”, велела жената.

Во еден момент прашала дали е тоа опасно, меѓутоа, одговор немало.

“Многу е топло, 32, 41…! Гледам пламен, да, голем пламен! Ќе се урнам! Жешко е”, извикувала жената.

Во тој момент снимката се прекинува и повеќе не се слуша ништо.

изгледа дека враќањето не функционирало добро. Ракетата горела, а со неа и несреќната жена изгорела жива.

Три дена подоцна, на 26-ти мај 1961-ва година, Советите објавиле дека вселенското летало се вратило на Земјата.

Ракетата изгорела во целост, а телото на жената не било пронајдено. За тоа никогаш не се зборувало. До денес руската влада демантира дека тоа некогаш се случило.

Се зборува и дека Русите чуваат снимки од бројни изгубени астронаути низ годините. како во случајот со споменатата жена, тие и натаму негираат дека тие луѓе некогаш биле во вселената.

Leave a comment

error: Content is protected !!