СЗО предупредува: Намирницата која сите ја користиме е одговорна за смртта на 500.000 луѓе годишно!

Маргаринот, за кој се смета дека е здрава алтернатива на путерот, предизвикува смрт кај половина милион луѓе годишно, покажуваат истражувањата на Светската здравствена организација – СЗО.

Трансмасните киселини се типичен нуспроизвод за делумно стврднување на мастите, а ги има претежно во маргаринот и мастите кои се користат за печење. Ги има и во масните состојки во тестата и филовите, како и во намирници како чипс, лиснато тесто, кекс и друго.

Во меѓувреме било докажано дека трансмасните киселини се ризични за појава на коронарни болести на срцето и изненадни срцеви удари. Постојат доверливи докази за поврзаност и со други болести, а посебно кардиоваскуларни заболувања.

Како да се препознае производ кој содржи трансмасти

Ако видите производ на кој пишува “делумно хидрогенизирани масти”, тогаш тоа значи дека содржи трансмасни киселини.

Во Австрија во 2009. година биле воведени прописи, со кои се забранува продажба на производи со количина на трансмасни киселини штетна по здравјето.

Тоа значи дека нивниот удел во мастите, маслото и намирниците за чие производство се користени, не смее да биде поголем од 2 проценти.

Leave a comment

error: Content is protected !!