Светскиот супер модел Летиција Каста доаѓа во Македонија

Францускиот топ модел и актерка, Летиција Каста е родена 1978 година. Прв пат во 1993 година случајно на плажа ја забележал фотограф на модната агенција Медисон, а потоа Пол Марчијано, директорот на Guess и овозможил да стане заштитно лице на оваа модна марка.

Во 1996 година се случува голем пресврт во нејзината кариера и таа станува дел од познатата модна куќа за долна облека Викторија сикрет. Неколку години подоцна станува еден од петте ангели на брендот, заедно со Тајра Бенкс, Хајди Клум, Карен Мулдер и Стефани Сејмур.

Потоа следуваат кампањи за сите најголеми модни куќи и креатори во светот како Ив Сент Лорен, Жан Пол Готје, Живанши, Роберт Кавали, Шанел и многу други.

Нејзината филмска кариера започнува со филмот Астерикс и Обеликс, а од тогаш има снимено голем број филмови. За првпат, Летиција доаѓа и кај нас.  Во периодот од 20 јули до 24 август во околината на Битола ќе се одвива снимањето на долгометражниот филм „Позади хоризонтот“ (Le Milieu d L’Horizon) во кој една од главните улоги во филмот ќе ја толкува убавата Каста која ќе започне со снимање на 31 јули.

Освен Летиција, во главните улоги е и познатата француска актерка Клеменс Пусеј, која беше дел и од многу популарни холивудски филмови и серии.

Leave a comment

error: Content is protected !!