Светска музичка програма за престојниот „Skopje calling“ фестивал

Третото издание на фестивалот „Skopje calling” носи големи музички ѕвезди во главниот град.

Овој четиридневен спектакл ќе понуди одлична фестивалска забава со реномирани светски музички имиња. Фестивалот на 21 јуни ќе го отворат диџеите AXWELL & INGROSSO , на 22 јуни доаѓаат MORCHEEBA, а по нив истата вечер настапува големата француска атракција NOUVELLE VAGUE.

На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- ТEXAS, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и ДАРКО РУНДЕК со неговиот бенд.

Фестивалот се затвора со последната голема ѕвезда на електронската музика, ALAN WALKER, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.

Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија!

Авалон Продукција навистина се бренд амбасадори на нашата земја, а за сите кои сакаат квалитетна музика и визуелно уживање во музичко шоу, во последните неколку години се потрудија да донесат светски ѕвезди- нешто што досега никој друг не го направил.

Авалон, продолжете со добрата работа, а на нас публиката останува да докажеме дека Македонците и тоа како имаат сенс за квалитетна музика.

Leave a comment

error: Content is protected !!