Светот гледа кон Иран и Северна Кореја, а меѓу овие две земји на Балканот тензиите никогаш не биле поголеми

Односите меѓу Грција и Турција се можеби најниското ниво уште од времето Отоманската империја. Нивните недоразбирања одат по тенка линија, и може да се каже дека се на раб на избивање на војна, оценува весникот “Christian Science Monitor”.

Додека сите очи се свртени кон Иран и Северна Кореја, овие две соседни земји одат по тенка линија, и само мало недоразбирање би можело да ги одведе во сериозен конфликт, кој може да прерасне во вооружен судир, пренесува весникот.

Весникот пишува дека тензиите меѓу Грција и Турција константно растат околу Егејското море, а истите дополнително се кренати откако Турција одбила да ги ослободи двајцата грчки стражари кои биле заробени кај границата, поради упад во турска територија. Грција тврди дека војниците се изгубиле по силно невреме и дека случајно влегле на турска територија, додека Турција ги обвинува дека се шпиони.

Исто така, Турција се чувствува загрозено од константните воени вежби на Грција во близина на Турција, како и од најавата на Грција дека кон границата со Турција ќе прати уште 7.000 војници.

Грција и Турција имаат недоразбирања и на небо. Минатиот месец грчки авиони влегле во турскиот воздушен простори и обратно, поради што Турците испукале куршуми за предупредување кон Грците, но и Грчката страна не останала должна кога турски авион се доближил до Грчка територија.

Состојбата е многу лоша, оценува “Christian Science Monitor”, и истакнува дека ниедно спорно прашање меѓу овие две земји уште од 1996. година не е решено, како разграничувањето на Егејското море, како ни прашањето за Кипар.

Судејќи по се, овие прашања се нерешливи ни за сегашните влади, со оглед на тоа што грчкиот министер за одбрана е силен десничар кој за Ердоган вели дека е “лудак”, додека властите во Анкара се националистички настроени. А бидејќи во Турција се ближат избори, ситуацијата ќе биде уште потензична.

Грчкиот министер за надворешни работи веќе предупредил дека Турција се доближува до црвената линија.

“Christian Science Monitor” оценува дека целокупниот однос на Турција и Грција станал толку тензичен што и едно најмало недоразбирање, погрешна проценка или потег, би можеле да доведат до вооружен судир. Тие како веројатно сценарио поставуваат ситуација, на пример, грчки авион да собори турски кој му се доближува, што директно ќе доведе до вооружен судир.

Leave a comment

error: Content is protected !!