Свештеник на Карибите удира шлаканици на дете кое не престанува да плаче во текот на крштевањето

На ЈуТјуб се појавила снимка од крштевка, на која свештеникот зборува на француски јазик, додека детето во рацете на жената плаче.

На снимката која се појавила вчера се гледа внатрешност на црква и може да се заклучи дека станува збор за церемонија на крштевање.

Преплашено од тоа што се случува околу него, детето цело време плаче. Свештеникот нешто му зборува и се обидува да го смири, но не успева во тоа.

 

Потоа му удира шамари, па го влече кон себе.

Видно шокираните родители остануваат без зборови некое време, а потоа таткото го зема детето од рацете на свештеникот. Иако не е наведено каде е снимено ова видео, изворно се појавило на локална веб страна во Гвадалупе, француска територија на Карибите, пишува “RT”.

Во коментарите под видеото во кои се исчитува бесот поради таквото однесување на свештеникот, многумина се прашуваат што се случува со децата во црквите кога не е вклучена камерата.

Leave a comment

error: Content is protected !!