Студентка од Бразил ја продава невиноста за да исплати долгови: Очекува од мажот да биде џентлмен, а цената е неверојатна

Студентката Даниел Брин (22) од Бразил, одлучила да ја продаде невиноста за милион долари за да ги отплати сите долгови.

На овој драстичен чекор се одлучила и покрај тоа што е многу срамежлива и никогаш не била на состанок со маж.

Таа сака да се ослободи од долговите, да купи куќа во која би живеела со мајката и сестрата и да го исплати студентскиот кредит.

“Се надевам дека тој маж ќе биде пристојна и љубезна личност, џентлмен”, рекла таа, признавајќи дека е нервозна.

Таа направила и веб страна на која поставила свои фотографии, но со заматено лице, за да го заштити своето семејство.

“Студирам и работам скратено. Тоа што го заработувам не е доволно за да ги покријам трошоците, животот во мојата земја е скап, а долговите само растат”, рекла таа.

Покрај тоа, сака да вложи во себе и да изгради безбедна иднина.

“Сакам да започнам сопствен бизнис и да бидам обезбедена”, рекла Даниел.

Откако го направила сајтот во јуни, досега примила две сериозни понуди. Највисоката моментално изнесува 220.000 долари. Сепак, како што истакнала, се надева дека ќе дојде барем до цифра од 750.000 долари.

Даниел ги преземала сите чекори за да не го доведе својот живот во опасност.

“На денот на состанокот, со мене ќе имам и телохранител. Безбедноста ми е многу важна и ќе направам се да се чувствувам така”, истакнала таа.

Нејзиното семејство не знае за акцијата на Даниел, но пријателите ја поддржуваат.

“Не ме интересира што мислат другите за тоа, ме интересира само реакцијата на моето семејство. Злобните коментари нема да ме ослободат од долгови”, заклучила таа.

Leave a comment

error: Content is protected !!