Строго доверливо! Лавров на Ким Јонг Ун му дал мистериозна кутија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се состанал со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Пјонгјанг, и притоа на својот домаќин му донел подарок.

Камерите го забележале моментот кога Лавров на Ким му ја претставил мистериозната, многу убаво украсена кутија, меѓутоа, не се видело што точно има во неа.

“Тука можете да ги заклучите своите тајни”, му порачал Лавров на Ким Јонг Ун и му го дал клучот.

На интернет веќе почнале расправи за тоа што би можело да има во кутијата, а некои се пошегувале дека можеби во неа има копче за нуклеарни тестови.

Лавров на Ким му пренел и најтопли поздрави и најдобри желби од претседателот Путин, за големите напори на Корејскиот полуостров, а ја изразил и поддршката на Москва за договорот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, за ставање крај на непријателството меѓу северот и југот.

Leave a comment

error: Content is protected !!