Страв од моќта на вештачката интелигенција: Google не го продолжува договорот со Пентагон

Компанијата “Google” одлучила да не го продолжи договорот врзан со развојот на вештачката интелигенција со Пентагон. Одлуката, како што соопштиле, е донесена по силното противење меѓу вработените во овој технолошки гигант.

Одреден број на вработени во “Google” дале отказ, додека илјадници други работници потпишале петиција против учеството во проектот на Пентагон наречен “Maven”.

Како што навеле, се плашат дека станува збор за први чекори кон употреба на вештачка интелигенција во смртоносни цели. На оваа тема, “Google” не се огласувал официјално.

Извршната директорка Дајан Грин, како што тврдат извори од компанијата, во петокот изјавиле дека нема да има продолжување на договорот откако истиот истекол во март.

Сепак, новинарката Кејт Конгер од технолошкиот сајт “Gizmodo”, рекла дека “Google” не го откажал договорот за проектот “Maven” и дека не е исклучена можноста за идна соработка со војската на САД.

Договорот, според наводите, е вреден 7,5 милиони долари, но потенцијално би можел да доведе до сеопфатна соработка со Пентагон.

Проектот “Maven” подразбира развивање на програма која со помош на “машинското учење и инженерскиот талент” би помогнала во разликувањето на луѓето и објектите на видео-снимките од дроновите.

Во април околу 4.000 вработени во “Google” потпишале отворено писмо во кое се истакнува дека со своето учество во овој проект интернет гигантот ја довел во ризик довербата која ја ужива меѓу корисниците, како и дека ја игнорирал својата морална и етичка одговорност.

Leave a comment

error: Content is protected !!