Страв од Русија: Оваа држава им нуди 2 милијарди долари на Американците за целосна заштита

Оваа понуда е одраз на желбата која Варшава ја има веќе долго време, а тоа е да изгради блиска безбедносна соработка со САД и да обезбеди на нејзината територија да шетаат американски војници.

Полска сака постојана американска база на својата територија и е подготвена да плати дури две милијарди долари за да го оствари тоа, пишува полскиот портал “Onet”, кој имал увид во тој предлог на полското министерство за одбрана.

Министерството за одбрана на Полска потврдило дека тој предлог е пратен до Вашингтон без консултација со Министерството за надворешни работи на таа земја и, што е поважно, без знаење на претседателот Анджеј Дуда, кој исто така е врховен командант во земјата.

Таа желба потекнува уште од влегувањето на Полска во НАТО во 1999. година, но истата пораснала поради руската анексија на Крим пред четири години и ставот на Русија кон Алијансата.

Само еден месец пред собирот на лидерите на НАТО самитот во Брисел, иницијативата на Полска без сомнение ќе ја разлути Русија, а европските сојузници кои сакаат да ги подобрат односите со Москва, како Италија и повремено Германија, ќе ја прифатат со скептицизам.

“Овој предлог ја објаснува јасната и присутна потреба за постојана вооружена дивизија на САД во Полска. Полска се обврзува да обезбеди значајна поддршка, која може да достигне од 1,5 до 2 милијарди долари”, се наведува во документот на Министерството за одбрана на Полска.

Исто така се додава дека Варшава се обврзува да преземе дел од трошоците за одбрана и да ја направи одлуката на САД поекономична.

Во Полска моментално се наоѓаат вооружени сили на САД и единици на НАТО кои имаат ротационо движење.

Leave a comment

error: Content is protected !!