Connect with us

Repriza.mk

Страшни закани за колумбиските фудбалерите по елиминацијата: “Мртви сте, не се враќајте дома”

Спорт

Страшни закани за колумбиските фудбалерите по елиминацијата: “Мртви сте, не се враќајте дома”

Веднаш по натпреварот, навивачите “распалиле” по фудбалерите на социјалните мрежи… закани биле упатени и кон Карлос Санчез, кој добил црвен картон против Јапонија. Полицијата заканите ги сфатила максимално сериозно, бидејќи никој не сака да се повтори случајот од 1994. година.

Колумбиски трагичари по натпреварот биле Матеус Урибе и Карлос Бака, кои не ги реализирале пеналите. Урибе ја погодил стативата, додека шутот на Бака го одбранил англискиот голман.

 

Дошло до лавина од незадоволства по поразот на социјалните мрежи, а двајцата играчи кои биле видени како главни виновници добиле смртни закани.

“Мртви сте, подобро ви е сами да се убиете”, напишал еден корисник на социјалните мрежи. “Умри Карлос Бака, кучкин сине! Не се враќај во оваа земја”, навеле други.

Нервозните навивачи на колумбиската репрезентација не бирале зборови.

“Урибе, ти си обично “го*но”, се надевам дека ќе умреш”, гласи уште една од лудите пораки кои им биле упатени на колумбиските фудбалери кои се појавиле на интернет.

Деталот кој посебно ги загрижува е дека колумбиските репрезентативци смртните закани ги добиле точно на 24-годишнината од смртта на Андрес Ескобар, играчот кој бил убиен поради автоголот кој ја исфрлил Колумбија од Мундијалот во 1994. година.

Ескобар бил стандарден првотимец на репрезентацијата предводена од Валдерама, Асприла и Ринкон, која имала големи амбиции на Светското првенство во САД. Цената на испаѓањето ја платил Ескобар, кој бил убиен во родниот град Меделин. Тројцата напаѓачи го чекале пред кафуле и во него испукале шест куршуми.

Поради тоа, смртните закани во Колумбија треба да се сфатат сериозно, поради што полицијата веќе отворила истрага.

Leave a comment

Continue Reading
You may also like...

More in Спорт

To Top
error: Content is protected !!