Страшна исповед на жртва на вулканот: Ме погоди бомба од лава, кога си ја погледнав ногата…

Дарил Клинтон го гасел пожарот во куќата на соседот која била запалена од вулканската лава по ерупцијата на Хаваите, кога почувствувал страшна болка.

По експлозијата Дарил би погоден од огромно парче лава во ногата. Клинтон изјавил дека е среќен што е жив откако “бомбата” го погодила во ногата додека се обидувал да ја спаси куќата на соседот од пожарот.

Клинтон бил погоден од лавата додека бил на балконот на куќата во округот Пун, каде биле уништени 30 куќи во ерупцијата која започнала пред повеќе од две седмици.

“Тоа беше најсилниот удар кој сум го почувствувал во животот”, им рекол Клинтон на новинарите од болничкиот кревет во вторникот.

Пријателка го спасила и го одвлекла на приземјето, го ставила во својот автомобил и го префрлила во болница.

“Мислев дека ќе искрварам до смрт”, рекол Клинтон. “Кога ме погоди бомбата, паднав на столчето кое веќе гореше. Кога ја погледнав ногата, моето стапало висеше од неа, и само што не се откачи. Докторите ми кажаа дека ќе заздрави, морам да мирувам 6 недели”.

Имено при влезот на лавата во морската вода, се ослободува хлороводородна киселина и пареа преполна со честички.

Лавата во вторникот се доближила до електраната во округот Пун, од каде властите на почетокот на овој месец отстраниле 50.000 галони запаллив гас. Уништено било старото складиште на подрачјето на електраната. Опасните ерупции продолжуваат, а геолозите и натаму не можат да предвидат колку ќе траат. Дарил Клинтон е првата жртва на ерупцијата на еден од најактивните вулкани на светот.

Leave a comment

error: Content is protected !!