Страшна бруталност на руските затворски чувари: Го тепаат, па го освестуваат со вода, па повторно го тепаат!

Светот е вознемирен од видеото на кое се гледа константното десетминутно малтретирање на затвореник во еден руски затвор.

Како што наведуваат руските и западните медиуми, станува збор за затвор во градот Јарослав, а затвореникот кој бил тепан немилосрдно од стражарите е идентификуван како Евегениј Макаров.

На неговите врисоци и молби за милост никој од чуварите кои учествувале во малтретирањето не ни мрднал со прст.

Само продолжиле со ударите и повремено го поливале со кофа вода за да го освестат.

Неговата адвокатката Ирина Бирјакова, кога дошла во посед на снимката отишла во Јарослав пет дена по инцидентот кој се случил на 29. јуни.

Таа рекла дека не може да открие како видеото дошло до јавноста, но евидентно дека е го снимил еден од чуварите. Ова не е прв пат, како што рекла, нејзиниот клиент да биде претепан.

Најпрво не и бил дозволен пристап до претепаниот затвореник, но по интервенцијата на државниот омбудсман Татјана Москалкова, затворските власти ја дозволиле средбата.

“Одвај одеше. Толку лошо беше претепан по стапалата што кожата му беше испукана. Тепан е по задникот и анусот. Има модринки по очите, а на рацете има рани од лисиците”, рекла адвокатката.

Откако видеото со грозни сцени ја згрозило целата јавност, рускиот државен завод за издржување на казнени санкции и Истражниот комитет отвориле истрага.

Leave a comment

error: Content is protected !!