Страшно сведоштво за крвавиот грабеж во кој билe убиени 12 луѓе: Владеела тотална паника, пукањето траело цела вечност

Во град на североистокот на Бразил, во заложничка криза, биле убиени најмалку 12 луѓе, меѓу нив и две деца.

Најмалку 12 луѓе, вклучувајќи повеќе заложници, биле убиени во текот на грабежот на банка и заложничка криза во градот на североистокот на Бразил. Градоначалникот на Милагрес, Лиелсон Ландин изјавил дека шест крадци во раните утрински часови нападнале две банки. Шестмина ограбувачи биле убиени во размената на оган со полицијата. Пукањето, според изјавите на сведоците, траело 20-тина минути.

Убиени биле и повеќе заложници. Пет лица, за кои се верува дека се семејство на локален бизнисмен, биле во автомобилот киднапиран на автопат, кога ограбувачите се обиделе да побегнат во две комбиња. “Reuters” јавува дека биле убиени две деца на возраст меѓу 10 и 13 години. Жртвите уште не се идентификувани.

“Крадците убија заложници, а полицијата ги убиваше крадците”, рекол Ландин.

“Беше ужасно, пукањето траеше цела вечност, речиси 20 минути. Не можев да спијам, а не смеев ни да ја напуштам куќата. Не знаев што се случува”, рекол еден од жителите во соседството и додал: “Владееше тотална паника”.

Шефот на службата за социјална заштита, Андре Коста, изјавил дека две лица биле уапсени. “Уште не знаеме што се случило”, рекол Коста.

“Дошло до пукање, а според првите информациите, еден од ограбувачите, кој бил уапсен рекол дека убил луѓе кои биле во негова близина”, додал и истакнал дека прерано е да се обвинува полицијата за смртта на заложиците.

Градот Милагрес се наоѓа во државата Сеара, која е една од државите со најмногу насилство.

Leave a comment

error: Content is protected !!