Страшно мистериозно суштество снимено во Канада: Човеколикото чудовиште Рејк можеби фатено на камера, никој не знае за што станува збор

Мистериозното човеколико суштество, високо околу 1,8 метри, се појавило на една снимка, како во шума се прикрадува зад еден лос во близина на патот, во дивините на Канада.

Страшната глетка ја забележала една мештанка на камера во близина на местото Одри Фрешет. Таа го забележала суштеството кога ги прегледувала снимките кои ги направила.

На снимката се гледа бледа, мистериозна фигура која зад дрвјата се прикрадува на лос кој пасе покрај патот во Квебек. Во коментарите под снимката, која се споделува на социјалните мрежи со голема брзина, најмногу се споменува славното чудовиште Рејк, поради изгледот и одот на задните нозе.

Рејк е митски ѕвер од канадските дивини за кој се зборува со генерации, како за Јети или Бигфут.

Според локалната легенда, Рејк е брутална дива ѕверка опишана како човеколико суштество со карактеристики на куче. Се наведува и дека напаѓа без предупредување, користејќи ги прстите налик на ножеви, според кои и го добило името.

Видеото е прегледано повеќе од 100.000 пати во краток рок, а кога авторката на социјалните мрежи напишала “може ли некој да каже што е ова”, се појавиле бројни претпоставки.

Leave a comment

error: Content is protected !!