Страшни снимки од катастрофата во Џенова од воздух: Урнатиот мост ги затрупал автомобилите и луѓето

Во близина на Џенова денес се урнал надвозник кој сочинува дел од автопат а властите тврдат дека има повеќе мртви и дека е можна трагедија од огромни размери.

Засега се верува дека има најмалку 30 мртви.

Министерот за сообраќај, Данило Тонинели предупредил дека ова веројатно е огромна трагедија.

Еден од сведоците рекол дека видел осум или девет возила на пат во моментот кога мостот се урнал, што го опишал како “апокалиптична сцена”.

Снимките од воздух најдобро ги покажуваат размерите на катастрофата, а делот од мостот кој се урнал е долг 100 метри.

Leave a comment

error: Content is protected !!