Страшната тајна на градот на светлината: Во подземните премини во Париз се кријат 6 милиони човечки костури

Катакомбите, некогашни подземни каменоломи од крајот на 18. век, со време стануваат една од најпознатите туристички атракции на Париз, но 300-те километри комплексни мрежи на старите тунели, кафези и непрегледни редови на черепи, не се во целост отворени за јавноста.

За посетителите е отворен само мал дел од ходниците сместени на 20 метри под Париз и долги околу 1,7 километри. Иако француските власти во 1995. година забраниле влез во другите делови на катакомбите, тајните влезови им познати на некои Парижани, па во нив редовни организирале забави.

До 18. век париските гробишта веќе биле претрупани, па еден од поголемите проблеми во градот во тоа време биле непрописно погребаните лешеви и отворени гробови.

Кога во 1780. година, поради екстремно долгиот период на дождови, попуштил ѕидот на гробиштата, а трулите лешови дошле до имотите на сопствениците на куќи во близина на гробиштата, француските власти одлучиле да ги преместат коските од заедничките гробници во подземните каменоломи.

Според последните информации, во подземните катакомби има 6-7 милиони покојници.

Leave a comment

error: Content is protected !!