Во Швајцарија е снимено опасно свлечиште од кал, кое рушело се пред себе.
Поради силните дождови, од планината во Шамозон се слеала огромна количина на вода во комбинација со земја и парчиња карпи. Оваа густа каллива маса со парчиња камења набрзо дошла до селото и направила хаос.
Мештаните снимиле како ова свлечиште од кал се излива од коритото и го прекрива селото.
Кога масата доаѓала до мостовите, повеќе не можела да мине под нив, па парчињата кал и карпи летале во воздухот, заканувајќи се да повредат некого.
Како што се гледа на снимката, опасните парчиња кал и камења паѓале по патот, автомобилите и куќите.