Страшна одмазда на поранешниот сопруг: Децата се мртви, а ти ќе мора да живееш со тоа!

Американката Аманда Симпсон, која пред една година го напуштила сопругот, тврди дека сурово и се одмаздил и поради тоа ги убил нивните три деца и нејзиното ново момче Сет Ричардсон, а неа ја оставил да живее.

Џастин Пејнтер буквално полудел бидејќи неговата поранешна сопруга упорно одбивала да му се врати, а потоа направил масакр. Откако ја ранил својата поранешна сопруга во рамото, и рекол:

“Сет е мртов. Децата се мртви. А ти ќе мора да живееш со тоа”, а после тоа се убил и самиот.

Оваа 29-годишна Американка неодамна била пуштена од болница, а во интервјуто за “Huffington Post” рекла дека нејзиниот сопруг “победил”.

“Децата ми беа се, а сега веќе ги нема. Го знаеше тоа кога ми ги одзема. Останав без ништо. Тој победи”, рекла Аманда.

Нејзиниот поранешен сопруг ги убил нивните три деца: 8-годишниот Один, 6-годишниот Кејденс, и 4-годишиот Дрејк.

Аманда Симпсон и Џастин Пејнтер се развеле во 2017. година по пет години во брак. На 16. мај утрото и влегол во станот, пукал во децата, во неа и во нејзиното ново момче, а потоа и во себе.

Аманда единствена го преживеала нападот. Кратко по масакрот, жената на Фејсбук објавила три видеа, во кои, меѓу другото, го обвинила судијата на бракоразводната постапка.

“Го предупредив судијата дека е психички нестабилен. Не ме слушаа”, рекла во една од снимките. Судијата Ненси Бергер издала соопштение во кое рекла дека двете страни во договорот за разводот демантирале насилство во семејството и психички проблеми.

Leave a comment

error: Content is protected !!