Страшна коинциденција: Последната фотографија од поп ѕвездата која беше пронајдена мртва во Дунав

Последната фотографија од пејачката Анка Поп која била пронајдена мртва во Дунав во понеделникот, ја прикажува истата река во која е пронајден нејзиниот автомобил. Покрај тоа, на фотографијата, на која веќе со денови фановите се простуваат од неа, Анка е боса. Тоа кај многумина предизвикало страв, но и поттикнало некои коментари со црн хумор.

Канадско-романската пејачка ја објавила фотографијата на Инстаграм минатиот месец, а на неа се гледа како седи крај Дунав во Романија.

“Дунав”, кратко напишала покрај фотографијата на која е со грб свртена кон камерата и е загледана во местото каде еден месец подоцна била пронајдена мртва.

По веста за нејзината смрт, стотина нејзините фанови се простуваат од неа. “Почивај во мир”, напишале многумина.

Полицијата во вторникот најавила истрага, но уште нема никакви новости. Пејачката е родена на 22-ри октомври 1984-та година. Анка Поп во 1987-ма година од комунистичка Романија побегнала со своето семејство, го преминала Дунав во тогашна Југославија, каде имала статус на бегалец. Неколку месеци подоцна, емигрирале во Канада.

По падот на комунизмот, се вратила во Романија 1993-та . Оваа година го привлекла вниманието на јавноста кога открила дека е во истополна врска.

Во јули 2017-та година го објавила големиот хит со Горан Бреговиќ, песната со име “Едерлези”.

Leave a comment

error: Content is protected !!