Серија експлозии одекнале денес на патот во близина на аеродромот во Болоња, каде избил и пожар, а италијанската агенција “Ansa” јавува дека има и повредени.
Esplosione ora a #Bologna pic.twitter.com/brNqxyJKHp
— amedeo (@amemacula) August 6, 2018
https://platform.twitter.com/widgets.js
“Ansa” наведува дека сообраќајот на локалниот автопат е сопрен во два правци како и дека експлозиите се слушнале во пошироката област на тој град на северот на Италија.
На видео снимките и фотографиите, објавени на Twitter, се гледа голема огнена топка и чад како се крева над Болоња.
Според податоците на локалните медиуми, причина за експлозијата е сообраќајна несреќа.
Според наводите на сведоците, дошло до судир, а пожарот избил откако едно од возилата експлодирало.
Некои медиуми известуваат дека се запалил камион кој пренесувал запалив материјал.