Infinity war: Што му кажа Грут на Рокет на крајот од филмот?

Режисерот на двата Guardians of the Galaxy филмови, Џејмс Ган, одлучи да ни открие што му кажа Грут на кутриот Рокет, пред да се претвори во прав на крајот на Infinity War.

Ган, ова им го приреди на Твитерџиите, одговарајќи на прашањето што значело последното „Јас сум Грут“. Испадна дека тоа било само еден збор- Тато!

Изгледа дека тинејџерот Грут очигледно го сметал Рокет за свој татко и се што сакал да каже пред засекогаш да исчезне е да го нараче итриот ракун- тато.

Но, наместо да жалиме за смртта на Грут, сите фанови се надеваат дека во Avengers 4, повторно ќе се вратат сите супер херои кои го загубија својот живот во бесконечната војна. Како, допрва ќе дознаеме!

Leave a comment

error: Content is protected !!