На интернет се појавиле стенограми од лидерска средба, на која претседателот и потпретседателот на ВМРО ДМПНЕ, Мицковски и Николовски, велат дека договорот со Грција е добар.
Тема на овој разговор бил предлогот Република Илинденска Македонија, а тезите на челните луѓе на ВМРО ДПМНЕ се навистина интересни.
Николовски вели: “На нас ни се најважни три работи, преводливост на името, придавката македонски и јазикот да е македонски јазик”.
Мицковски во еден момент додава:
“Значи имаме и јазик, и придавка и преводливост, единствено лошо е барањето за ерга омнес, но свесен сум дека е ова ретка прилика конечно да го затвориме прашањето!”.