Старлетата ја снимала целата пластична операција на своето лице, а снимките се вистински хорор

Британската старлета Кејти Прајс веќе долго време се соочува со критики од страна на следбениците дека претерува со естетските зафати.

Тие ѝ порачале дека таа повеќе не личи на онаа Кејти Прајс од почетокот на кариерата, но се чини дека Кејти не се обѕира на ваквите коментари. Таа очигледно е спремна на се’, па дури и да покаже како изгледа една нејзина процедура на фејслифтинг. Ваквите фотографии вчера ги обиколија социјалните мрежи, а луѓето започнале да коментираат како “им се згадил животот” и дека никако не можат да си дојдат при себе по објавите кои ги виделе.

“Толку е погрешно да се покажуваат вакви работи на интернет. Со ова се испраќа погрешна слика до младите девојки”, е само еден од коментарите кои се појавиле под фотографиите.

Згора на сето тоа, не само што старлетата одлучила да ја сподели снимката со светот, таа покажала и колку лош и непрофесионален доктор одбрала – онаков кој прифатил да изврши естетски зафат додека неговата клиентка има шминка на лицето.

По операцијата, задоволната Прајс објавила и фотографија со хирургот кој го спровел зафатот и му се заблагодарила за се’.

Инаку, Кејти е позната по неколкуте лоши естетски зафати поради кои, како што вели и самата, потполно се упропастила. Таа минатата година ветила дека никогаш повеќе нема да стапне во ниту една клиника за естетска хирургија, но како што се гледа, не издржала долго.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!