Среден прст, смеење на сметка на Трамп и напуштање сала: Седницата на ОН се претворила во реално шоу, а главна ѕвезда бил тој

Тоа во што се претворило заседанието на Генералното собрание на ОН повеќе личело на реално шоу отколку на состанок на светски лидери.

Светот видел, оценува “Sputnik”, смеа со која бил проследен говорот на Трамп, потоа напуштање на салата додека зборува најмоќниот човек на светот, а наместо одлуките на “светската влада”, главна вест била кој со кого седел.

Се видел и Украинец кој му покажува среден прст на Русин, а потоа и приштинска делегација која непоканета се појавила на Ист ривер.

Најсимпатичен учесник на “реалното шоу ОН” била премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која се појавила на седницата со бебе, кое станало главна ѕвезда.

“Sputnik” пишува дека изгледа дека “ријалити” станало основна единица на политичката сцена и дека политичарите и медиумите се прилагодуваат на таа форма.

Весникот потсетува дека слични сцени се случувале и порано во ОН, како чевлите на Хрушчов и говорите на Гадафи и Чавез, но дека сега технологиите и медиумите се поинволвирани во тој процес.

Кога ќе се повлече црта, една работа е да се коментираат изјави или постапки на политичари кои може да бидат повеќе или помалку смешни, а друга е што е политичката содржина зад тоа.

Leave a comment

error: Content is protected !!