Србинка едното дете го удрила од ѕид, а другото го оставила мртво во корпа за алишта

Во Кривичниот суд во Луцерн, Швајцарија, денеска започнало судењето на 23-годишната Србинка која е обвинета за убиство на нејзините две новороденчиња.

Тогаш дваесетгодишната девојка била во седмиот месец од бременоста кога на 10-ти декември 2015 година изненадно започнале контракциите. Таа легнала во када и сама се породила, а потоа започнал вистински пекол.

“Не знаев како се одвива едно породување. Кога започна, ја наполнив кадата. Денес воопшто не ми е јасно како успеав во тоа, лежев во када и гледав на интернет како се прави”, изјавила таа пред судот.

Како што додала, нејзиниот партнер кој бил татко на близнаците ја оставил неколку месеци пред да се породи. Србинката нагласила пред судот дека тој од неа барал да абортира, но таа не сакала.

“Бебето плачеше, тоа не звучеше човечки. Се исплашив”, се бранела мајката монструм.

Девојката раскажала дека откако го родила првото бебе, го зела клучот од подрумот и таму го одвела своето новороденче каде го скрила под облеката, а потоа со сета сила го удрила од ѕидот и го фрлила на подот.

Детето се здобило со тешка трауматска повреда на мозокот и неколку скршеници на черепот по што веднаш починало. На прашањето како се чувствувала во тој момент, таа одговорила низ солзи: “Не знам”.

Го сокрила мртвото дете во кадифено мече

Како што раскажала и самата, телото на мртвото бебе го замотала во маица и го сокрила во големо кадифено мече со патент.

“Едноставно го оставив таму. Не знам што ми проаѓаше низ глава”, изјавила девојката пред судијата.

Но, хоророт не завршил тука – 31 час подоцна таа повторно легнала во кадата каде го родила второто дете.

Бебето починало набрзо по раѓањето. Тогаш, Србинката го замотала мртвото бебе во прекривка и го оставила во корпата за валкани алишта во кујната, каде и подоцна било пронајдено.

Докторите кои сведочеле пред судот изјавиле дека второто бебе имало шанса да преживее доколку таа по првото породување заминала во болница.

Шеесет и три дена во притвор

Целиот случај би останал неоткриен, доколку по второто породување таа не изгубела свест. 23-годишната Србинка почнала обилно да крвари по што родителите ја одвеле во болница. Лекарите брзо сфатиле дека таа неодамна се породила и веднаш ја повикале полицијата, иако таа го негирала сето тоа.

По закрепнувањето, девојката била уапсена и притворена, а за тоа време го признала целото злосторство. Таа се суди за убиство со предумисла за првото и убиство со предумисла поради недејствување за второто новороденче.

Leave a comment

error: Content is protected !!