Србин направил измама со биткоини тешка 2 милиони долари, па отишол да ужива во Кан

Србинот измамил бизнисмен од Јужна Кореја, кој сакал да замени биткоини за пари, му ги украл критповалутите, па побегнал од Ница каде бил договорен состанокот, пишува “AFP”.

Имено, како што пренесува “Jutarnji”, бизнисменот од Јужна Кореја, кој има компанија во Сингапур специјализирана за криптовалути, со договорил со Србинот да му исплати во кеш 2,3 милиони евра за биткоини.

Состанокот бил одржан во хотел во Ница, а откако трансакцијата завршила, Кореецот сфатил дека банкнотите од по 500 евра се лажни.

После тоа била отворена потерница по Србинот, а тој на 13. август бил уапсен во Кан, додека се забавувал повеќе од било кога – возел луксузен автомобил, а на раката има часовник вреден десетина илјади евра.

Откако се појавил на суд, одреден му бил притвор, а осомничен бил и дека е дел од голема криминална мрежа, рекол неговиот адвокат Герард Будо.

Полицијата соопштила дека и натаму се трага по неговиот соучесник.

“Прво на бизнисменот му понудил да инвестира во неговата компанија, а потоа му предложил биткоинот да се префрли на странска сметка во замена за кеш”, рекле од полицијата.

Leave a comment

error: Content is protected !!