Срамно: Во главен град во регионот со недели стои графит кој го возвишува Хитлер, а никој не реагира

Огромен графит кој го слави Хитлер и нацистите е напишан на сред Загреб и никој од надлежните не преземал ништо за да го отстрани, па интервенирала Европската цивилна иницијатива од Загреб, пренесува порталот “Index.hr”.

“Ein Volk Ein Reic Ein Fuhrer” или “Еден народ, едно царство, еден лидер” е напишано во центарот на градот, на ѕидот на Клиниката за трауматологија во Улицата Крал Дражислав, пренесува порталот и додава дека станува збор за парола на нацисти кои го слават Хитлер и Третиот Рајх, а покрај овој натпис на ѕидот е нацртан и кукаст крст и усташки симбол.

Графитот, се наведува, на раздвижената раскрсница стои веќе некое време, а градските служби, како ни Клиниката за трауматологија, засега не покажале никаков интерес да го отстранат.

Затоа, се наведува, Европската цивилна иницијатива од Загреб пратила пријава до Град Загреб за овој графит и бара итен одговор.

“Имајќи ја во предвид изворната основа на Уставот на Република Хрватска, односно дека народите во Република Хрватска не се наследници на нацизмот и усташтвото, не очекуваме ништо помалку од тоа овој срамен приказ на возвишување на тоталитарниот режим на холокаустот да биде веднаш отстранет”, стои во дописот на Иницијативата.

Leave a comment

error: Content is protected !!