Спиете без облека? Еве зошто е тоа добро!

Иако е пракса мажите и жените да спијат во пижами или долна облека, малку е познато дека доколку спиете без облека може многу да му помогнете на вашето здравје, но и на својот сексуален потенцијал.

Еве неколку причини поради кои вечерва треба да спиете без облека.

Побрзо ќе заспиете

Доколку сакате побрзо да заспиете треба да ја намалите телесната температура. Опаѓањето на температурата на телото му сигнализира на вашиот организам дека е време за спиење, а еден едноставен начин за тоа е да ја соблечете облеката.

Ќе имате поквалитетен сон

Намалувањето на телесната температура не само што ќе ви помогне побрзо да заспиете, туку ќе ви помогне да имате и поквалитетен сон.

Ќе ви се подобри односот со партнерот

Луѓето кои спијат голи имаат поголема веројатност дека ќе бидат позадоволни со својот однос, според истражувањето на Cotton USA. Брендот испитуваше 1.000 возрасни луѓе во Велика Британија кои биле во брак или во врска за да дознаат во што спијат и како се чувствуваат во врската.

Неверојатни 57 % од луѓето кои спиеле голи изјавиле дека се позадоволни во врската, додека 48% од луѓето се оние кои спијат во пижами и 43 % кои спијат во долна облека.

Ќе ги намалите стресот и анксиозноста

Окситоцинот кој се ослободува со контакт на кожа со кожа исто така влијае на намалување на стресот. Доколку ги земеме во предвид самците, лекарите наведуваат дека единствениот начин за намалување на стресот е доколку се ослободите од облеката пред спиење.

Ќе бидете сексуално поактивни

Прилично е сигурно да се каже дека шансите за секс се зголемуваат доколку заедно со партнерот спиете голи.

Ќе ви се подобри вагиналното здравје

Доколку жените имаат навика да спијат без облека, на вагината ќе ѝ овозможат да “дише”, што може да допринесе за нејзиното општо здравје. Исто така, познато е дека долна облека со пот може да ги зголеми шансите за добивање вагинални инфекции.

Ќе ви се зголеми самодовербата

Спиење без облека е одличен начин да се чувствувате попријатно во сопствената кожа и да изградите самодоверба. Една студија заклучи дека само ако неколку минути во текот на денот ако се движите голи можете да ја подобрите перцепцијата на сопственото тело и да се подигне нивото на самопочитување.

Leave a comment

error: Content is protected !!