Спиеле кога слушнале дека ѕидот од куќата им пука! Следната сцена што ја виделе – земјата голтала се пред себе

Безбедносните камери снимиле страшни моменти кога околу 50 метри од една улица во Кина одненадеж со срушила.

Инцидентот се случил во градот Гуанган во провинцијата Сечуан, во југозападот на Кина во неделата рано наутро. Дел од патот и делови од околните згради пропаднале во земјата, во близина на подземниот паркинг на една зграда. За среќа, никој не бил повреден.

“Спиев во тој момент, а потоа слушнав голема бука, но не сакав да станам. Меѓутоа, тогаш слушнав како дел од ѕидот на нашата зграда се руши, а ние живееме точно над тој дел. Тоа беше страшно”, рекол еден од станарите.

 

Еден од сведоците рекол дека видел како се појавува пукнатина на патот широк околу 20 сантиметри.

Како се ширела пукнатината, тој ги повикал луѓето кои ги видел на улицата да бегаат, и неколку минути подоцна, улицата се срушила.

Околу 50 жители од околните згради биле евакуирани, но набрзо се вратиле дома, кога било утврдено дека е безбедно.

Leave a comment

error: Content is protected !!