Спиела со милион мажи: Претходно ми купуваа автомобили, а сега довивам 20 проценти од бакшишот

32-годишната Кат Ли од Манчестер тврди дека во животот спиела со милион мажи за пари. Со проституција почнала да се занимава на 18 години откако направила разголени фотографии со својата сестра близначка.

“Имав повеќе од милион клиенти. Почнав како тинејџерка. Се почна кога со сестра ми се соблековме за едно списание. Подоцна фотографот ни кажа дека би биле добри и во филмови, бидејќи сме близначки”, вели таа за “Mirror”.

По речиси 15 години работа, Кат ја напуштила долгогодишната професија за да се занимава со хуманитарна работа, а воедно работи и во еден локален паб.

“Чудно ми е бидејќи секогаш размислувам како можев да работам еден час за 140 фунти, а не волку часа за по 7 фунти”, вели таа. “Кога бев ескорт дама ми купуваа автомобили и ми плаќаа летувања, а сега добивам само 20 проценти од бакшишот”, се жали таа.

“Мојот типичен ден претходно би почнал во девет наутро. Луѓето го сакаат утрото бидејќи сакаат да се релаксираат пред работа. Никогаш не би знаела кога ќе биде најголемиот метеж, но во главно тоа било за време на вечерата и по работа, во околу 18 часот”, тврди Кат.

Вели дека клиентите ги делела во две групи – оние кои бараат друштво и кои кон неа се однесувале како кон девојка, и оние кои биле агресивни.

“Еден ме гледаше само кога жена му одеше на шопинг, друг ми купуваше автомобили и ме водеше во Париз и Рим. Со него се чувствував како Џулија Робертс”, вели таа и додава дека имала само една опасна ситуација, кога клиент ја нападнал и и ги земал парите.

Leave a comment

error: Content is protected !!