Спектакуларен грабеж во Берлин: Украден златник тежок 100 кг, а начинот на кој е украден…

Германската сојузна полиција и градските власти заедно се обидуваат да се пресметаат со криминалните семејства кои контролираат цели квартови.

Тие им даваат интервјуа на најпопуларните јутјубери, тие се главни херои во рап песните, за нив е снимена серијата “4 Blocks”, “Godfather” , “Sopranos”, со главен лик кој се вика Тој. Може да порачате тура низ плоштадите на Берлин и најпопуларните мафијашки кланови.

“Тие се дел од овдешната поп култура”, вели за Берлинер Цајтунг, Дејвид Рот, берлински бизнисмен кој се сетил на туристите да им ја продава мафијашката карта на Берлин, со заокружени клучни места: вилата на еден мафијаш, наргиле барот на втор и гробницата на трет.

Цена? Десет евра. Медиумите известуваат за судењето за спектакуларната кражба на 100 килограми тежок златник од берлинскиот музеј Боде. Златник од пола метар висина е проценет на 3,75 милиони долари, крадците со скејтборд отишле до едниот прозорец, а потоа на стотина метри до паркот Монбијоу ги чекало возило.

Во славниот музеј во центарот на Берлин, недалеку од станот на канцеларката Ангела Меркел, упаднале благодарение на скала, преку прозорецот од соблекувалната на чуварот на втор спрат. Прозорот требало да биде осигуран со аларм, но немало: аларамите во музејот биле исклучени бидејќи постојано свиреле по грешка. Ни златникот од 99 % чисто злато не беше осигуран со аларм, бидејќи никој не помислил дека тој златник би можел да биде украден.

Кражбата ја извеле на 27 март 2017 година, а три месеци подоцна полицијата ги уапси четворицата осомничени, тројца припадници на кланот Рамос и чуварот на музејот Денис В.

Во мобилните телефони им биле пронајдени фотографии од музејот, но истрагата не даде одговор каде е златникот. Се претпоставува дека го разделиле на парчиња и ги продале.

Членовите на истиот клан во октомври 2014 упаднале во филијалата на Шпаркасе банка во берлинскиот Мариендорф. Испразниле повеќе од 100 сефа и си заминале со 10 милиони евра. За да ги прикријат трагите, банката ја дигнале во воздух. Дури минатото лето берлинската полиција покрена истрага и заплени 77 недвижности во сосптвеност на Рампос во вредност од девет милиони евра.

Leave a comment

error: Content is protected !!