Спасувачот и Илон Маск во жестока расправиија: Стави си ја подморницата во…

Британскиот нуркач кој учествувал во спасувањето на децата од пештерата на Тајланд, размислува за тужба против милијардерот Елон Маск, кој го нарекол педофил, пишува “Guardian”.

Нуркачот Верн Ансворт понудата на Маск за спасување на 12 деца и нивниот тренер ја нарекол медиумски трик.

Милијардерот Маск на тајландските спасувачи им донел мини-подморница направена за извлекување на децата, но се воспоставило дека е неупотреблива во тие околности. Некои корисници на социјалните мрежи ги пофалиле напорите на Маск, но многумина го обвиниле дека само сакал да се изрекламира.

“Може да си ја стави подморницата каде што најмногу боли”, револтирано рекол спасувачот Верн Ансворт за “CNN”. “Немаше шанси да работи. Тој нема поим колкав е преминот низ пештерата. Подморницата е долга околу два метри, не би можела да ги мине кривините. Ни би ги минала ни првите 50 метри во пештерата. Добар PR трик”, рекол Ансворт.

Маск во неделата на Твитер објавил дека ќе сними видео со кое ќе докаже дека неговата мини подморница би била успешна во спасувањето и додал: “Жал ми е, педофилу, но тоа го бараше”.

Кевин Бомон забележал дека “Маск го нарекува педофил човекот кој ги пронашол децата”, а милијардерот му одговорил: “Се обложувам во потпишан долар дека тоа е вистина”. Уследиле жестоки критики – во дискусијата се вклучиле и други луѓе, кои го нападнале Маск бидејќи неодговорно изнесувал такви сериозни обвиненија.

Маск подоцна ги избришал своите објави, но Ансворт вели дека размислува да го тужи.

“Шокиран сум и бесен. Ме нарече педофил. Мислам дека луѓето сфаќаат каков човек е тој”, рекол Ансфорт за “Guardian”. Маск и претходно на Твитер навредил уште еден критичар кој неговата идеја за подморницата ја нарекол “апсурдна”.

“Следи ме и натаму, кретену”, напишал Муск во објавата која исто така во меѓувреме ја избришал.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!