Шпанци ќе го тужат „Нетфликс“- Хрватска преставена како Ибица (видео)

Владата на шпанскиот остров Ибица би можела да ја тужи американската компанија „Нетфликс“ откако се појави трејлер за филм снимен во Хрватска, а кој го симулира медитеранскиот остров.

Играниот филм „Ибица“ ги прикажува авантурите на група девојки на истоимениот остров, но ниту еден дел од филмот не е снимен на Ибица.

Владата на Ибица порача дека размислува за тужба против продуцентите на филмот и дигиталната платформа „Нетфликс“, бидејќи смета дека го искористиле брендот Ибица за снимањето на филмот во кој се гледаат кадри од Хрватска.

Филмот својата премиера ќе ја има на 25 мај, а главната улога ја толкува Џилијан Џејкобс. Во комедијата „Ибица“, 30-годишната девојка патува со своите две другарки во Барселона, а ,  во потрага по еден згоден диџеј заминуваат на Ибица,  каде што ги очекува неконтролираниот свет на забавата, но и неочекувана љубов.

Канцеларијата за туризам на Ибица истакнува дека филмот ги прикажува најлошите стереотипи за шпанскиот остров и спротивност со промотивната туристичка политика која тамошните инситуции ја спроведуваат. Властите сакаат да го променат имиџот на островот, кој важи за место каде што 24 часа има блудни забави и многу алкохол.

Leave a comment

error: Content is protected !!