Спалната соба ни е преполна со отрови- Од овие опасности треба да се заштитите!

Веројатно не размислувате премногу за тоа што се се наоѓа во вашата спална соба. Но, таму поминувате најмалку 8 часа во текот на денот, што е третина од животот во просек.

За жал, спалните соби се преполни со отрови.

1.Прашина и хемикалии од душекот

Душеците се полни со хемикалии кои спречуваат да се запалат или во нив да се насоберат габички. Многу од тие хемикалии може да бидат канцерогени. „Тие хемикалии лесно се пренесуваат и се спојуваат со прашината во спалната соба, која потоа ја дишете. Уште не знаеме кои се долгорочните последици од тоа“- изјавил Дејвид Гејл од компанијата Гејл и Сноуден која зе занимава со еколошки одржлива градба.

За да се заштите од овие хемикалии, најдобро е често да го поминувате душекот со правосмукалка, да го перете и да ја бришете прашината

2.Теписите се криви за астмата

Теписите се преполни со прашина, алергени и микроорганизми, а со самото тоа и со зголемен ризик од низа здравствени проблеми како астмата. Редовно чистете ги со правосмукалка, а уште подобро- исфрлете ги од вашата спална соба.

3.Во перниците се кријат габички

Старите перници и јоргани може да бидат легло на габички. За да го смалите растот на габичките, внимавајте добро да ја исушите косата пред спиење и барем еднаш неделно, постелнината да ја изнесете на сонце. Перниците препорачливо е да се менуваат на секои две години.

4.Од мебелот ве печат очи

Во лепакот и шпер плочите често се наоѓа формалдехид. Краткотрајно изложување на висока концентрација на формалдехидот предизвикува чувство на пецкање во очите, носот и грлото, како и многу болести.

5.Разредувачот за боја предизвикува главоболка

Боите за ѕидови содржат разредувачи чие испарување може да предизвика вртоглавица и главоболка. Во спалните соби би требало да се користат бои на база на вода кои содржат казеин, глина и креч. Сите три состојки се во склад со природата.

6.Прозорците му штетат на имунитетот

Кондензацијата на прозорците предизвикува мувла, што може да направи проблеми со дишењето, алергиите и инфекциите. Влагата и мувлата му штетат на имунитетот. Најдобра оцпија е да се вградат прозорци со тројно стакло кои ја смалуваат кондензацијата.

7.Радијаторите се полни со прашина

Прашината ја привлекува влагата која преку грееењто се пренесува во воздухот, а потоа ја вдишувате. Добро исчистете ги радијаторите и поминете ги со правосмукалка.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!