Сопругот и кажал дека е агент на ЦИА, а потоа и се јавила непозната жена: Шокантна исповед на домаќинката која верувала дека има идеален брак

53-годишната Мери Тарнер Томпсон, мајка и домаќинка од Единбург, мислела дека има совршен брак. Единствено лошо било тоа што нејзиниот сопруг Вилијам Џордан често патувал поради работа. Барем таа така мислела.

“Го запознав Вилијам додека бев самохрана мајка со 9-месечно бебе. Беше многу шармантен”, вели Мери.

Ја запросил само две седмици откако се запознале. Шокирана, го одбила. Меѓутоа, набрзо се свршиле и венчале.

“По шест месеци забременив, што беше големо изненадување со оглед на тоа ми кажа дека е неплоден”, вели таа.

Вилијам и рекол дека е агент на ЦИА на позајмица во британската служба MI5. Поради тоа често патувал. Мери немала ниедна причина да се посомнева во семејството функционирало одлично. Биле во брак четири години.

Тој бил многу вешт измамник, па успеал да ја наговори да му даде 200.000 фунти да им плати на “уценувачите” кои наводно се заканувале дека ќе ги убијат нивните две деца. Мери тогаш била бремена со трето дете и навистина верувала дека злосторниците ќе ги убијат.

А потоа во април 2006-та година, и заѕвонил телефонот. И се јавила госпоѓа Џордан и и кажала дека е 14 години во брак со Вилијам и дека имаат пет деца. И тоа не било крајот! Шокираната Мери дознала дека нејзиниот сопруг има уште две сопруги и пет свршенички, со кои заедно имал 13 деца!

Вилијам завршил во затвор поради бигамија, илегално поседување на оружје и измама. Во затвор минал две и пол години, и бил депортиран во САД. Таму продолжил да ја изневерува сопругата и повторно завршил во затвор. Во меѓувреме бил ослободен.

Мери за својата приказна ја напишала книгата “Бигамист”.

Leave a comment

error: Content is protected !!