Фотографите во Италијанскиот град Пезаро “го уловиле” славниот мотоциклист Валентино Роси во прилично еротска ситуација на неговата јахта.
Легендата на MotoGP го искористила одморот и убавите денови да и се посвети на својата девојка, а бидејќи веројатно не знаеле дека некој ги снима, решиле малку да се заиграат.
Тие уживале во размена на нежности, па работите во еден момент и тоа како се загреале, па 22-годишната Франческа Софија Новело го соблекла горниот дел од костимот за капење, притоа заземајќи прилично провокативни пози.
Инаку, Роси веќе неколку месеци е во врска со оваа манекенка за долна облека, а таа од славниот Италијанец е помлада дури 15 години.
Оваа дама ја нарекуваат “италијанската Брук Шилдс” поради сличноста со американската актерка, но фотографиите велат дека таа дури е и поубава од истата. Моментално има повеќе од 120.000 фанови на Инстаграм, а нејзината популарност расте од ден во ден.
Тамошните медиуми пишуваат дека Франческа го препородила Валентино. 39-годишниот мотоциклист се колнел дека засекогаш ќе остане ерген и дека нема жена која ќе го смири. Сепак, Франческа тоа го променила, барем на некое време – бидејќи спортистот во целост и е верен и посветен.