Со што се хранел Ледениот човек Еци?

Еци или Ледениот човек е пронајден во 1991 година на 3210 метри надморска височина во глечер во Екталските Алпи. Тие се наоаѓаат во близина на границата помеѓу Австрија и Италија.

Спрема првите проценки на истражувачите, смртта на Еци настапила во 3250 п.н.е, но прецизните анализи покажале дека умрел порано, околу 4000 година п.н.е.

Она што го издвојува е совршеното зачувано тело. Еци е убиен, а неговото тело останало смрзнато илјада години. Сега знаеме и што Еци.

Научниците открија дека последната вечера на Ледениот човек била добро урамнотежена, но со висок процент на масти.

Се хранел со лој од дива коза, месо од елен и древна пченица- еинкорн, како и со отровен папарат.  Мастите сочинувале 50 проценти од исхраната на човекот од Леденото доба, што е значајно многу повеќе од просечните 10 проценти во денешната современа исхрана.

„Ваков извор на енергија му бил потребен на ледениот човек, земајќи ја во предвид надморската висина на која ловел“- изјавил Др. Френк Маикнер од Еурацовиот истражувачки институт за мумии во Болцана, Италија.

Научниците заклучиле дека изворот на масти не биле млечните производи, туку вид на диви кози кои живеат во планините на европските Алпи. Неговата исхрана била добро урамнотежена со мешавина од јаглехидрати, протеини и масти, но нивото на внесени масти е загрижувачки високо. Во прашање е козја лој и тешко е да се замисли каков вкус имала. Сигурно е дека оброците не биле вкусни како овие денес.

„Верувам дека денеска не би биле за јадење поради недостатокот на сол, како и присуството на масни компоненти“- се надоврзува др. Френк.

Иако Ледениот човек не јадел преработена храна, имал негативни последици од неговата исраха. Веќе имал назнаки на запушени артерии во моментот на смртта. Можно е да погинал и во борба, бидејќи имал неколку рани на телото и носел оружје како што е бакарната секира.

Дали ледениот човек конзумирал лековити растенија?

Истражувачите пронашле вид на папрат во неговиот стомак, па е можно да конзумирал лековити растенија. Од друга страна пак, можно е да ја виткал храната во листови на папрат и по грешка да голтнал отровни спори. Месото од дивите животни со кои се прехранувал може да биде свежо или сушено.

Leave a comment

error: Content is protected !!