Со голи раце убил 90 жени и секоја ја нацртал: Објавени страшни цртежи на најбруталниот сериски убиец во историјата на САД!

ФБИ објавил цртежи од убиените жени кои ги нацртал Семјуел Литл, мажот кој ги убил и кој би можел да биде најлошиот сериски убиец во американската историја.

Овој 78-годишен Афроамериканец признал дека убил дури 90 жени меѓу 1970-та и 2005-та, во неколку американски држави.

Инспекторите велат дека целел на маргинализирани и ранливи жени, во главно проститутки, наркоманки како и трансродни жени. Ги објавиле цртежите бидејќи се надеваат дека ќе помогнат да бидат идентификувани жртви кои досега не биле.

Смртта на овие жени кои живееле на маргините на општеството, често не будела посебен сомнеж кај полицијата, посебно затоа што Литл при убиствата не користел оружје.

Овој поранешен професионален боксер наместо тоа ги нокаутирал своите жртви, а потоа ги задавил. Често немало очигледни знаци кои би укажувале на убиство.

“Без знаци на убоди или рани од куршуми, многу од овие смртни случаи не биле класификувани како убиства, туку како предозирања со дрога, несреќи или друго”, стои во извештајот на ФБИ од минатата година.

Литл прв пат бил фатен во текот на 2012-та година, откако бил уапсен поради посед на дрога. Бил пренесен во Калифорнија каде била направена ДНК анализа, чии резултати го поврзале со три убиства од 1987-ма до 1989-та година.

Leave a comment

error: Content is protected !!