Со голи раце решил ситуација која за повеќето е кошмар: Човек спасува алигатор од питон!

Иако во главно сите бегаат од алигатори, во Флорида, алигаторот бега, или барем се обидува да избега, од питонот.

На една сосема неверојатна снимка, меѓутоа, се гледа човек кој не се плаши ни од алигаторот, ни од питонот, туку влегол во борбата за да му помогне на алигаторот во драматичното давење во Евеглејдс.

 

Мајк Кимел дошол до заробениот алигатор, во последниот момент, кога почнал да се гуши.

“Мртов ладен”, ги кренал рептилите и со голи раце го одмотал питонот од алигаторот. Жртвата паднала на земја, а потоа заминала во ноќта, додека питонот се виткал меѓу рацете на Кимел, и на крајот, со помош на асистентот на Кимел, завршил во вреќа.

 

Кимел инаку се пријавил во програмата за ловење на питони во рамките на отстранување на инвазивните видови за државните земјишта во природата.

Минатите години се пријавиле уште 24 лица кои по договор ги отстрануваат питоните од окружението кое не е нивен природен дом.

Така од Еверглејдс се преселени повеќе од 1.000 змии кои станале доминантни, и со оглед на тоа што немаат природен непријател, почнале сериозно да го загрозуваат живиот свет во овој дел на Флорида.

Leave a comment

error: Content is protected !!